
Премиерот Христијан Мицкоски во однос на царините од САД за земјава, информира дека се во комуникација со американската администрација на Доналд Трамп и очекува многу скоро да се корегира ова што, како што вели, е резултат на некаква грешка и погрешна информација.
-Нашата трговска размена со САД во 2024 година е во негатива и сме во дефицит, а практично земјите кои што се во дефицит, немаат ваков тип на зголемување на давачките. Се споредуваат податоците, во контакт сме со Амбасадата, Министерството за економија и Кабинетот на претседателот Трамп. За истото разговараше и министерот Муцунски со државниот секретар Рубио во Брисел. Во периодот очекувам да се излезе од состојбата, кажа Мицкоски на прес-конференција во Владата.
На прашањето кој дел од економијата е погоден, премиерот вели дека секундарните ефекти ќе бидат поголеми.
-Доколку земјите од ЕУ не успеат да го надминат сето ова со САД, тогаш ефектите би биле поголеми откако сегашните примарни ефекти, наведе Мицкоски.
Фото: Pixabay