Очила кои го претвораат говорот во текст

19

Идејата за очила за VR (вештачка реалност) кои ќе им овозможат на глувите лица да видат што зборуваат другите, дошла кај пронаоѓачот Ден Скарф минатата година, за време на семејниот Божиќен собир. Неговиот 97-годишен дедо со оштетен слух се борел да стапи во контакт со остатокот од неговото семејство, што го инспирирало внукот да најде решение за да може неговиот дедо да учествува во разговори во реално време.

Кога сте во група на луѓе, тешко е да ги следите различните разговори што се случуваат околу вас; затоа дедото главно седеше сам, немо набљудувајќи што се случува околу него. И тогаш Скарф помисли: „Па, тој постојано гледа телевизија со преводи. Зошто да не го титлуваме целиот свет на сличен начин?“

Само шест месеци подоцна, компанијата на Скарф соработува со производителот на очила за проширена реалност Nreal за да ги претстави VR очилата XRAI Glass.

Транскрипцијата, базирана на Алекса на Амазон, во моментов има тешко време да ги разбере групните разговори кога повеќе луѓе зборуваат во исто време, совладувајќи се едни со други. За да може системот да работи што е можно попрецизно, потребна е прилично тивка средина. Сепак, Скарф инсистира дека ова е само почеток, а во петокот првата услуга беше отворена за околу стотина бета-тестери.

Ако се оди според планот, првите примероци на AR очила кои им овозможуваат на глувите лица подобро да комуницираат со луѓето околу нив треба да се појават во продавниците веќе во септември, најавуваат од Скарф.