Oд 1 декември во употреба само биоразградливи кеси кои ќе се наплаќаат

158

Целосно се забранува пуштањето на пазар на пластични кеси, а крајните потрошувачи ќе може да купат само биоразградливи кои се произведени согласно пропишани стандарди, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Министерот за животна средина Насер Нуредини додаде дека ќе се продаваат само биоразградливи пластични кеси по цена од 15 денари, а парите ќе одат во посебен фонд за животна средина. Од 1 декември угостителските објекти нема да имаат право да продаваат храна во пластични еднократни пакувања во заштитените природни подрачја.

Идејата на оваа мерка е граѓаните пред се да користат сопствени торби за повеќекратна употреба за пазарување. Секојдневното користење на пластика создава секојдневно големи количини кои не се разградуваат, истакна Нуредини.