Од 11-ти мај сите брендови на оне.Вип стануваат Вип

53

one vip logo

По спојувањето во октомври 2015 година, кога беше формирана новата компанија оне.Вип и по припојувањето на Близу кон оне.Вип, компанијата најавува дека од 11-ти мај брендовите на компанијата ќе бидат обединети под брендот Vip.

Ова значи дека од тој датум сите корисници на Вип, ОНЕ и Близу тарифните модели стануваат Вип корисници. Денес, компанијата започнува кампања под мотото: Заедно е подобро, и затоа, One, Vip и Blizoo стануваме дел од голематa Vip заедница.

Деталите за придобивките за корисниците и она што Вип ќе им го донесе на корисниците ќе бидат познати на 11-ти мај, за кога компанијата го закажа и официјалниот почеток и прес конференција.

оне.Вип ДОО Скопје е компанија која произлезе со спојувањето на Вип оператор и Оне во октомври 2015 година, каде Телеком Австрија Групацијата има удел од 55% и целосна контрола над компанијата, а Телеком Словеније Групацијата поседува 45%. Со присоединувањето, пак, на Близу Македонија, затворено на трети мај оваа година, го заокружува спроведувањето на стратегијата за конвергенција на Телеком Австрија Групацијата. Во моментот оне.Вип ги нуди своите продукти и услуги под брендовите Вип, ОНЕ, Близу и BoomTV.

Во 2015 година, оне.Вип започна со инвестиции во изградба на нова мобилна мрежа, како и во модернизација на фиксната мрежна инфраструктура, процес кој продолжува во 2016 година и има за цел до крајот на годината да овозможи најнапредни мобилни технологии во цела Македонија.