Од 15 март се укинува задолжителниот PLF формулар за влез во Грција

343

Формуларот  PLF (Passenger Locator Form), што веќе 20 месеци е задолжителен за влез во Грција, без разлика дали станува збор за грчки државјани или странски туристи и независно од начинот на патување и влез во земјата, ќе се укине од 15 март 2022 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретната обврска, како и за сите туристи, важи и за македонските граѓани кои патуваат кај јужниот сосед.

Министерот за туризам на Грција Василис Кикиљас денеска соопшти дека „по препорака од Комисијата на епидемиолзи од Министерството за здравство, од 15 март 2022 година се укинува пополнувањето на формуларот Passenger Locator Form (PLF) за сите посетители од сите земји за влез во Грција“.

-Укинувањето на PLF го олеснува процесот за влез на туристи, пренесувајќи го акцентот на контролата на сертификатите за вакцинација, рече Кикиљас.

Додаде дека дополнително, Комисијата предложила да се зголеми од 85 на 100 отсто капацитетот на туристичките автобуси.

Задолжителното пополнување на PLF формуларот, Грција го воведе на 1 јули 2020 година и се уште е во сила.