Од 19 декември нови ограничувања на австриската граница

119

Новите ограничувања за влез во Австрија по престојот во една од таканаречените корона ризични земји ќе стапат на сила на 19 декември, соопшти тамошното министерство за внатрешни работи.

Мерката според која сите оние што се враќаат од земји со голем број на заразени лица, односно со двонеделен број на заразени лица над 100 на 100.000 жители, мора да биде во десетдневен карантин, ќе важи до 10 јануари.

Прекинувањето на десетдневниот карантин, според одлуката на Владата, е можно само по пет дена со негативен ПЦР-тест.

Министерството посочува дека задолжителниот карантин важи само за лице кое се вратило од патувањето, но не и за другите членови на семејството, иако тие живеат во исто домаќинство.

Со оваа мерка, австриската влада сака да ги спречи граѓаните од Западен Балкан и Турција да патуваат во нивните земји на потекло за време на божикните празници.

Острите мерки се однесуваат на сите, без оглед дали се австриски државјани или странци, велат од министерството.

Само прекуграничните работници, како и лицата кои морале да патуваат поради работа, се ослободени од мерката задолжителен карантин.

Фото: Pixabay