Од 2016 година нема повеќе крстарења на Северниот пол

71

mrazokrsac

Од 2016 година повеќе ќе нема крстарења на Северниот пол. Најголемиот мразокршач на светот што работи на нуклеарен погон, рускиот брод 50 години победа (50 Let Pobedy), кој може да прими 18 патници, последната тура на патници ќе ја има следното лето.

Руската влада, како што пренесува ХРТ, соопшти дека бродот ќе им биде потребен во текот на целата година.

Крстарењата на Северниот пол за ова лето се веќе распродадени. Една од најголемите атракции на ова патување е капењето во мразот. Но, оваа авантура не е евтина, бидејќи патниците плаќаат најмалку 18.975 евра за патувањето.