Од 2017 до 2022 година автомобилите поскапеа за над 40 отсто

90

Последниот бран на поскапувања и инфлација го погоди особено пазарот на автомобили, па некогаш релативно достапните семејни автомобили станаа луксузен производ.

Разликите се уште поголеми кога се гледа во период од 30 години.

Според официјалните податоци на германскиот автомобилски клуб ADAC, автомобилите поскапеле и до 44 отсто во периодот од 2017 до 2022 година, што значително се одразило на продажните резултати и на автомобилскиот пазар во целина.

Покрај пандемијата и прекините во испораките и недостигот на нови автомобили, причина секако е и инфлацијата, но една од главните причини се неоправданите поскапувања како и таргетираното отстранување на подостапните модели од понудата, пренесува Банкар. ме.