Од 5 – ти април од Македонија може да се слетува на сите грчки аеродроми

80

Грчката управа за цивилно воздухопловство (АЦВ) ги ажурираше мерките за домашни и меѓународни летови кон земјата и ги укинна ограничувањата на летовите од три соседни земји, Албанија, Северна Македонија и Турција.

Во соопштение издадено од АЦВ, властите објаснуваат дека почнувајќи од понеделник, 5- ти април 2021 година, од Македонија и од Албанија ќе може да се слетува на кој било од грчките аеродроми, а не како досега само на атинскиот меѓународнен аеродром Eleftherios Venizelos.

Истовремено, симната е целосната забрана за летови од Турција, пренесува Ѕchengenvisainfo.

Фото: Freepik