Од четврток се отвораат угостителските објекти во земјава

55

Од утре повеќе нема да важат рестрикциите за движење во период од 19 до пет часот, а од четврток се отвораат угостителските објекти, најави денеска премиерот Оливер Спасовски.

Тој нагласи дека од четврток ќе бидат отворени терасите и отворените делови на угостителските објекти, додека за внатрешниот дел од објектите ќе се чека следна фаза.

Од први следниот месец, како што најави Спасовски, по препорака на Комисијата за заразни болести, ќе престанат да важат заклучоците на владата во врска со уредби како што е работа од дома, патување кон работното место, организирање на работниот процес и слично. Ова нема да важи за родители кои имаат деца до 10 години и за хронично болните лица.

Државниот карантин, за македонски државјани кои доаѓаат од странство во земјава, ќе биде заменет со домашна самоизолација, а лицата кои се веќе во државен карантин, на сопствен трошок ќе можат да направат ПЦР тест и ако резултатот е негативен ќе може да одат во самоизолација.

Фото: Freepik