Од Даунинг стрит до Волстрит: Риши Сунак сега советува милијардери

Њујоршката банкарска корпорација „Голдман Сакс“ објави дека го назначила поранешниот британски премиер Риши Сунак за виш советник.

Сунак ќе ги советува клиентите низ целиот свет, потпирајќи се на своите „уникатни увиди во макроекономските и геополитичките прашања“, изјави извршниот директор на „Голдман Сакс“, Дејвид Соломон.

Риши Сунак беше британски премиер од октомври 2022 до јули 2024 година, а претходно ја извршуваше функцијата министер за финансии од 2020 до 2022 година.