Од денеска до сабота Отворени денови во СЕДЦ

27

Запознавање со програмите, претставување на партнерските компании и можностите за вработување, тестирања за стипендии, наградни игри за попусти, презентации за родители и бесплатен автобуски и такси превоз за посетителите на Отворените денови.

Сивус Едукативниот и Развоен Центар (СЕДЦ) ги организира вторите по ред СЕДЦ Отворени денови, кои ќе траат од среда до сабота (12-15 септември), почнувајќи од 8 до 19 часот. Четиридневната програма на Отворените денови се фокусира на претставување на наставните програми на првата програмерска академија СЕДЦ CodeCadems, како и на најсовремената академија за дизајн во Македонија СЕДЦ Design Academy.

Во рамките на Отворените денови, се организирани презентации од партнерските компании и можностите за вработување, како и тестирања за двете академии со можност за освојување стипендии (полугодишни или годишни) во износ од 30% и наградни игри за освојување попусти на ИТ обуките. Настанот им овозможува на учесниците детално да се запознаат со сите програми и обуки во организација на Сивус едукативниот и развоен центар, како и професионално кариерно советување, и обиколка низ просториите на центарот и на ИТ компанијата Сивус. Како надополнување, секој ден во попладневните часови ќе се одржуваат и презентации за родители кои ќе им овозможат подобро запознавање со програмите, условите и придобивките од студирањето во СЕДЦ. Целосната програма и распоред на Отворените денови е достапна на веб страницата на СЕДЦ.

Од особена важност за заинтересираните посетители и идните студенти е што во текот на овие четири дена СЕДЦ овозможи бесплатен превоз до нашите простории, преку такси превоз (ИН ТАКСИ – од било кое место во Скопје) или автобуски превоз (ЈСП – со приложување на искористениот автобуски билет во СЕДЦ).