Од денеска електронско работење на нотарите и Катастарот за недвижности

38

Нотарите и Катастарот на недвижности од Скопје, од денеска почнуваат со електронско работење. Нотарите барањата до Катастарот ќе ги доставуваат по електронски пат со електронски потписи и времен жиг.
“Сите нотари сите свои документи што ги работат со сите договори, хипотеки… по електронски пат ќе бидат должни да ги доставуваат до Агенцијата за катастар на недвижности”, рече директорот на Агенцијата, Славче Трпески.
На овој начин документите ќе можат полесно да се проверат, ќе се зголеми одговорноста на нотарите, а со тоа и сигурноста на издадените документи.
Од Нотарската комора велат дека секое постапување ќе биде полесно да се провери, а одговорноста за правната сигурност ќе биде на нотарите.
Во Скопје има 64 нотари и сите се подготвени за електронско работење. За 90 дена се очекува да се вклучат сите нотари во Македонија.