Од денеска Хрватска е нова членка на Шенген и ја заменува куната со евро

46

Хрватска го воведува еврото и влезе во Шенген. Хрватска ќе стане 20-та членка на еврозоната.
Надлежните ги повикаа граѓаните да подготват доволно пари за новогодишните празници, пишува порталот Индекс.

Министерот за финансии Марко Приморац изјави дека за првите 14 дена од 2023 година ќе може да се плаќа во куни и евра, а трговците се обврзани да се снабдат во евра, а остатокот од парите да ги вратат во таа валута.

Кога станува збор за размена на куни за евра, тоа ќе биде можно уште една година во филијалите на банките, Фина и Хрватска пошта.

Потоа, банкнотите ќе може трајно да се менуваат во Хрватската народна банка, а монетите ќе може да се менуваат уште две години, односно до крајот на 2025 година.