Од денеска и во наредните 15 дена аплицирање за бескаматната кредитна линија Ковид 3

114

Од денеска почнува да се реализира Ковид 3 бескаматната кредитна линија со грант компонента преку Развојната банка на Северна Македонија.

Јавниот повик е отворен за поднесување кредитни барања од денес до 30 декември 2020 година заклучно со 23:59 часот. Односно барања се поднесуваат вкупно 15 дена, информираа министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Развојната банка на Северна Македонија, Кире Наумов.

Како што информираше министерот Бектеши, третата бескаматна кредитна линија се реализира со финансиска поддршка од Европска Унија преку активноста ЕУ заОтпорност од ИПА програмата во вкупен износ до 30 милиони евра и со буџетска поддршка од Министерството за економија во износ од еден милион евра.

Фото: Pixabay