
Од денеска започна исплатата на пензиите за месец март за корисниците кои примаат пензија преку Халкбанк.
“Од денес (30.3.2026), вашите средства се достапни на вашите сметки во сите филијали на Халкбанк, на сите банкомати и преку електронско и мобилно банкарство. Доколку сте дале согласност, можете да ги подигнете и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија“, стои во објавата на банката.













