Oд денеска на сила новите рестриктивни мерки

106

Од денеска стапуваат во сила новите рестриктивни мерки со кои за влез во угостителските објекти и на организирани настани ќе мора да се приложи сертификат за примени вакцини или потврда за прележан Ковид-19 во изминатиот месец и половина. Со новите мерки целосно се забранува и одржување настани и работа на угостителските објекти на затворено.

Угостителските објекти мора да имаат редарска служба која ќе врши контрола, а се најавуваат и засилени инспекциски контроли.

Надлежните велат дека мерките се носат со цел да се заштити јавното здравје и да не се доведе државата во ситуација повторно да воведува локдаун и целосно затворање на одредени дејности.

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера апелираше да се почитуваат протоколите од страна на сите дејности и најави дека на денешниот состанок на Главниот кризен штаб ќе биде разгледана и можноста освен со сертификат за вакцинација и потврда за прележан коронавирус, да се влегува и со негативен ПЦР тест, но не постар од 14 дена.

Фото:Pixabay