Од денеска нема да плаќаме роаминг во пет земји

66

На подрачјето на Западен Балкан, денеска се укинува надоместокот за роаминг за мобилна телефонија.

Укинувањето на роамингот е дел од договорот во кој се вклучени Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Косово и Србија.

Регионалниот договор за роаминг беше потпишан во април 2019 година во Белград на вториот дигитален самит на Западен Балкан.

Во првата фаза од спроведувањето на Регионалниот договор, цените на роамингот се намалија за помеѓу 83 и 96% на целиот Западен Балкан, а од денеска, кога договорот стапува на сила, роамингот не се наплатува.

Фото: Pixabay