Од денеска нови мерки во Црна Гора

Од денеска во Црна Гора на сила стапуваат нови мерки против коронавирус. Од 23 јули (петок) до понеделник втори август, привремено се забранува работа на ноќни клубови и дискотеки, на отворен и на затворен простор.

Забранети се забавите и музичките фестивали, како и сите масовни собири во затворени простории.

Како што пренесува Vijesti.me од втори август престојот во внатрешниот дел на угостителските објекти нема да биде можен безусловно.

Фото: Pixabay