Од денеска нови правила за влез во Хрватска

39

Од денеска без негативен ПЦР-тест во Хрватска ќе може да влезат вакцинираните со две дози вакцина, вклучително и кинеската и руската, оние што прележале Ковид-19 во последните шест месеци, а ќе биде прифатен и брз антигенски тест признаен во ЕУ.

“На ниво на ЕУ, во моментов нема заклучок за вакцините кои не се регистрирани во рамките на ЕУ. Кога ќе дојде на дневен ред, ќе се донесе заеднички став и тогаш ќе се прилагодиме на таа одлука. Дотогаш, што се однесува на Хрватска, важно е да се има примено вакцина, руска или кинеска, не е важно“, изјави министерот за внатрешни работи на Хрватска Давор Божиновиќ.

Поради влошување на епидемиолошката состојба, од денес повторно се забранети тренинзи во затворени простории, освен за врвни спортисти, како и работата на детските игротеки.

Фото: Pixabay