Од денеска официјално – првата земја во светот во која биткоинот стана официјална валута

437

Денеска, Ел Салвадор стана првата земја во светот во која биткоинот стана официјална валута.

Претседателот на земјата, Најиб Букеле, го претстави планот за негово воведување во јуни, а владата на земјата го претстави овој потег како начин за зголемување на отворањето нови работни места и подобрување на економскиот развој, преку намалување на зависноста од американскиот долар.

Букеле вчера објави дека Ел Салвадор поседува 400 биткоини, пренесува Ројтерс.  Вредноста на оваа криптовалута се зголеми за 1,49 проценти синоќа на повеќе од 52.680 долари.