Од денеска поевтинување на дел од прехранбените производи

Од денеска стапува на сила владината мерка за намалување на дел од прехранбените приоизводи.

Одлуката за намалување на бруто профитната маржа на 73 производи вчера е објавена во Службен весник, а веќе денеска во маркетите и продавниците каде стојат овие производи ќе треба да имаат ознаки „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Цените на брашното, оризот, млечните и пекарските производи, месото, зеленчукот и овошјето треба да бидат намалени до 31 октомври. А веќе в петок треба да почне и примената на законот за забрана на нефер трговски практики, со кој се очекува да се стави крај на проблемите со цените. Освен рабатот, со законското решение беше донесена и листа со над 2 500 производи чии маржи ќе бидат ограничени до 10 %. .. Денеска, треба да излезе и пресметката на ССМ за минималната синдикална кошничка.