Од денеска Скопскиот аеродром со летен распоред на летање

73

Од денеска 31-ви март 2024, почнува летниот распоред на летање на Меѓународниот Аеродром Скопје и ќе трае до 26-ти октомври 2024.

Со летниот ред на летање, одобрен од Агенцијата за цивилно воздухопловство, што стапува во сила денеска, на Меѓународниот Аеродром Скопје во летната сезона ќе има 59 дестинации управувани од 22 авиокомпании.

Дестинациите, авиокомпаниите и фреквенциите на летовите може да ги најдете на официјалната веб-страница на аеродромот.