Од денеска во Србија повисоко ДДВ и акцизите на горивото и цигарите

22

Во Србија од денеска е зголемена општата стапка на ДДВ од 18% на 20%, како и акцизите на горивата и цигарите. Пониска стапка од 8% и натаму ќе се пресметува на основните животни производи. Акцизата на цигарите ќе биде повисока од 33% на 43%. Акцизите на дизел горивото се зголемени за пет отсто, или 42 динари по литар. На оловниот бензин се зголемува на 55 динари по литар, а на безоловниот ќе остане 49,6 динари по литар. Со измените се очекува да се зголемат приходите во буџетот за 2,8 милијарди динари. Од зголемувањето на акцизите на цигарите приходите ќе бидат повисоки за 4 милијарди динари.