Од идеја до бизнис – Во мај ќе се одржи Стартап Викенд Скопје

225

Оваа година ќе се одржи 11-то издание на Startup Weekend Skopje! По 2 години онлајн издание, оваа година настанот ќе се одржи во живо од 6-ти до 8-ми мај во Инофеит!

Startup Weekend Skopje e 54 часовен настан каде младите претприемачи имаат можност да ја презентират и разработат својата иновативна стартап идеја! Многу повеќе од настан – Startup Weekend Skopje преку претприемништвото и тимска работа, инспирира и ги мотивира младите да разработат нешто свое. На настанот младите имаат можност да ја презентираат својата стартап идеја, да формираат тим и со помош на менторската поддршка да го разработат концептот околу идејата! Картите за овогодинешниот Startup Weekend Skopje се веќе во продажба и можете да купите – ТУКА.

Во периодот од 6-ти до 8-ми мај во просториите на Инофеит, младите претприемачи и креативци ќе добијат уникатна шанса да развиваат и тестираат своите стартап решенија.

Исто така, учесниците ќе имаат можност да ја споделат својата идеја со локалните и странски ментори, кои несебично ќе го споделат нивното искуство и ќе ги советуваат учесниците како да ја разработат својата идеја.

На крајот од настанот, решенијата кои ќе бидат оценувани од судии-експерти, ќе се стекнат со вредни награди, како и реална можност за реализирање на нивната идеја.

Теchstars Startup Weekend е интернационален настан поддржан од Google for Entrepreneurs.  До сега се организирани повеќе од 3,000 настани во 150 земји, низ кои поминале над 400,000 млади претприемачи. Скопје е град домаќин на Techstars Startup Weekend по 11-ти пат.

Tимот Солвео, кој 5-та година по ред го организира Startup Weekend Skopje вели дека ова е искуство кое не треба да се пропушти. Исто така, тие додаваат и дека не постоjaт лоши идеи туку постојат само лоши одлуки. Затоа и ги повикуваат сите млади иноватори да направат чекор напред и да се пријават на настанот.

Kaртите се во ограничен број, веќе пуштени во продажба и можат да се купат на следниот линк

За повеќе информации околу настанот, посетете ги официјалните профили на Facebook и Инстаграм