Извозот на банани минатата година достигна вредност од 14,7 милијарди долари, што е 6,1% повеќе во споредба со 2019 година.
Петте најголеми извозници на банани во светот (Еквадор, Филипини, Костарика, Колумбија и Гватемала) покриваат скоро 60% од вкупниот извоз.
Еквадор е најголем извозник на којшто отпаѓаат скоро 30% од вкупниот извоз на банани во светот, што на земјата ѝ донесе 4,2 милијарди долари во 2020 година.
Меѓу 10-те најголеми извозници на банани во светот лани беа и: Филипини (1,6 милијарди долари), Костарика (1,1 милијарда долари), Колумбија (990,3 милиони долари), Гватемала (955,6 милиони долари), Белгија (745,9 милиони долари), Холандија (708,3 милиони долари), САД (448,6 милиони долари), Доминиканска Република (413,8 милиони долари) и Панама (407,2 милиони долари).
Од земјите во регионот, Словенија има најголем извоз и тоа од 57,5 милиони долари, по што следат: Грција (44,6 милиони долари), Хрватска (четири милиони долари) и Бугарија (520.000 долари).
Фото: Pexels