Од извоз на памук земјава лани инкасираше 14,4 милиони долари

246

Извозот на памук во светот минатата година достигна 53,3 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Кина е извозник број еден со заработка од над 14 милијарди долари или над 26% од вкупниот извоз на памук. Земјава минатата година извезе памук во вредност од 14,4 милиони долари и е 77-ма земја во светски рамки.

Освен Кина, меѓу петте најголеми извозници на памук на глобално ниво се и: САД (7,9 милијарди долари), Индија (6,3 милијарди долари), Виетнам (2,9 милијарди долари) и Бразил (2,8 милијарди долари).

Од земјите во регионот, Словенија е најдобро позиционирана (58-мо место) со извезен памук од 36,4 милиони долари. Потоа следи Бугарија со 34 милиони долари, додека зад нас е Хрватска со 10,3 милиони долари и Србија со 6,3 милиони долари.

Фото: Pixabay