Од извоз на сокови лани сме заработиле 26,6 милиони долари

55

Македонија е 59-та земја во светот по извоз на безалкохолни пијалаци. Од овој извоз земјава инкасираше 26,6 милиони долари или 137,8% повеќе во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

На глобално ниво, извозот на безалкохолни пијалаци достигна 22,1 милијарда долари, што е 1,7% помалку во споредба со 2018 година.

Најголем меѓу извозниците на безалкохолни пијалаци е Австрија со 14,8% удел во вкупниот извоз или заработка од 3,3 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници лани беа и: Германија (1,92 милијарди долари), Холандија (1,9 милијарди долари), Швајцарија (1,87 милијарди долари) и Тајланд (1,6 милијарди долари).

Од земјите во регионот, највисоко позиционирана е Србија (30-та) со извоз од 133 милиони долари. Потоа следуваат: Бугарија (86,8 милиони долари), Хрватска (67,2 милиони долари), Словенија (66,4 милиони долари) и Грција (45,6 милиони долари).

Фото: Freepik