
Речиси 100.000 туристи и над 174 илјади ноќевања само за еден месец. Во текот на април биле остварени рекордни 174.649 ноќевања, каде странците доминираат со речиси 80 проценти.
Според податоците на Државниот завод за статистика во април 2026 година 97. 358 туристи оствариле 174 649 ноќевања
Во април 2026 година, од вкупниот број туристи, 20.5 % се домашни, а 79.5 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата во април 2026 година изнесува 174 649, од кои 26.8 % се од домашните туристи, а 73.2 % од странските туристи.
Во периодот јануари – април 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 3.5 %, односно кај домашните туристи има намалување за 0.1 %, а кај странските има зголемување за 4.8 %.
Во периодот јануари – април 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0.3 % така што кај домашните туристи има намалување за 0.2 %, а кај странските има зголемување за 0.6 %.
Земји од кои дошле најмногу странски туристи во април 2026 година:
11 826 од Турција
11 463 од Германија
6 073 од Србија
5 695 од Франција











