Од лекови до возила – швајцарскиот извоз ја губи моќта

Швајцарскиот извоз нагло падна во првиот квартал од 2025 година, како одраз на намалените испораки на лекови, покажаа податоците на царината.

Во првите три месеци од годинава извозот реално е намален за 5,7 отсто во однос на претходниот квартал кога бележи пораст од 7,2 отсто.

Увозот, пак, закрепна, со стапка на раст од 3,1 отсто во првиот квартал. Во претходните три месеци речиси стагнираше.

Трговскиот биланс за првите три месеци од годинава покажа суфицит од 13,7 милијарди швајцарски франци (14,68 милијарди евра), што е за 4,9 отсто помалку во однос на последниот квартал од 2024. Во однос на почетокот на минатата година тој порасна за цели 41,2 отсто.

Испораките на хемиско-фармацевтски производи се намалени во периодот од јануари до март за 12,3 отсто во однос на претходните три месеци кога бележат пораст од 16,2 отсто. Намален е и извозот на возила, за 8,2 отсто.

Испораките во САД се зголемени за 17,4 отсто, само малку поблаг отколку во периодот од октомври до декември, пренесува Хина.

Најмногу падна извозот во Словенија, за 13,5 отсто, по 76 отсто пораст во последните три месеци од минатата година.

Швајцарија во март увезла и злато со руско потекло од Британија, но во вредност од само 27,99 милиони евра, многу пати помалку отколку во февруари. Швајцарскиот извоз во Русија е зголемен во март за 39 отсто во однос на претходните месеци, на 217,50 милиони евра, а најмногу ги вклучува лековите.

Фото: Pixabay