
Мерцедес-Бенц во среда објави партнерство со германскиот стартап „Тајтан Технолоџис“ за производство на возило против дронови, со што стана најновиот производител на автомобили што ги здружи силите со одбранбената индустрија.
Германскиот автомобилски гигант потпиша меморандум за разбирање на ILA 2026, Меѓународниот воздушен саем, според кој ќе произведува возила за мобилни системи за воздушна одбрана за откривање и неутрализирање на мали дронови.
Според соопштението на компанијата, Mercedes-Benz ќе се фокусира на развој на платформи за одбрана од дронови базирани на возила, како и на мисии за заштита на луѓето и критичната инфраструктура, користејќи ги моделите G-класа и Sprinter, објавува Avaz.
Овој потег ја прави компанијата со седиште во Штутгарт најновиот европски производител на автомобили што се свртува кон одбранбената индустрија, во време кога автомобилскиот сектор се соочува со сериозни предизвици и забавување на работењето.
Сè поголем број европски производители на автомобили бараат нови извори на приход токму во одбранбениот сектор, кој бележи силен раст во последните години поради зголемените воени инвестиции низ цела Европа.
Фото: Pixabay











