
Првиот човек во ресорот економија, Крешник Бектеши синоќа објави дека минималната плата ќе изнесува 22.500 денари, а просечната 39.500 денари. Тој напиша на социјалните мрежи дека од март 2024 година, нема да има плата помала од 22.500 денари.
-Ако земеме колку беше во 2022 година, а колку е сега, имаме над седум илјади, скоро осум илјади денари покачување за година и пол на минималната плата, рече министерката во „Топ тема“.
Таа додаде дека ако се навратиме во 2017, кога минималната плата беше 10 илјади денари, сега покачувањето е повеќе од двојно.
Просечната исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава изнесува 38.843 денари и во однос на октомври лани е зголемена за 17,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.











