Од отпушоци од цигари ќе се прават батерии?

103

otpusoci od cigari

Научниците од Јужна Кореја открија нов начин за пренамена на отпушоците од цигари во материјал што може да складира енергија за полнење батерии и на мобилни телефони и на електрични автомобили.

Во магазинот Nanotechnology објавена е студија на научници од државниот Универзитет во Сеул што ја покажува трансформацијата на отпушоците, кои се состојат од влакна на целулозен ацетат, па затоа се сметаат за токсични и штетни за околината.

“Нашата студија покажа дека искористените отпушоци можат да се преработат во вреден карбонски материјал и тоа преку едноставна постапка која истовремено пружа и решение за енергетските потреби на денешнината“, вели професор Јонгхеоп Ју, пренесува порталот Croenego.eu.

Крајниот резултат е таканаречениот суперкапацитатор, а научниците велат дека тој ослободува многу повеќе енергија, побрзо се полни и подолго трае од постоечките производи.

Според организацијата на непушачи во Америка и нивните права, отпушоците од цигари се широкораспространети во светот, па годишно се фрлаат околу 765.000 тони.