Од полноќ горивата поскапуваат

237

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва на полноќ цените на горивата ќе се зголемат за по еден денар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС95 и ЕУРОСУПЕР БС98, на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,00 ден/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС95 изнесува 76,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 78,50
ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) изнесува 68,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М1 НС се зголемува за 0,249 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М1 НС изнесува 43,010 ден/кг.