Од полноќ ќе се точат поскапи горива

124

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.04.2023
година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.04.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,00 ден/лит, додека малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,505 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.04.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 41,079 ден/кг.

Фото: Pixabay