Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата. Согласно Методологијата за формирање на цените, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,58%.
Според тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се променува, односно
останува на исто ниво и изнесува 74,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит со тоа ќе изнесува 72,50 ден/лит. Цените на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит и ќе изнесуваат 66,00 ден/лит, односно 54,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,347 ден/кг и ќе биде 34,351 ден/кг.