Од полноќ ново поскапување на горивата

263

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука според која вечерва по полноќ дизел горивото поскапува за 2 денари по литар, додека бензинот за половина денар. Во просек станува збор за поскапување од 2,24 отсто.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС95 и ЕУРОСУПЕР БС98, се зголемуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС95 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 77,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 2,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.01.2022
година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) изнесува 67,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) изнесува 67,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М1 НС се зголемува за 1,514 денар/килограм, во однос намалопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М1 НС изнесува 41,724 ден/кг.