Од полноќ поевтинува дизелот

31

benzinska Малопродажните цени на бензините од полноќ се зголемуваат за еден денар за литар, а на дизелот се намалуваат за 0,5 денари.
ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 79 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 80,50 денари за литар.
Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, пак, поевтинуваат за половина денар ќе чинат 68,50 односно 57 денари за литар.
Поевтинува и мазутот М-1 НС за 0,183 денари. Новата цена ќе изнесува 40,698 денари за килограм.