Од полноќ поевтинуваат бензините

48

benzin Малопродажната цена на бензините и екстралесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар, додека дизелот поевтинува 1,5 денари за литар.
Вака денеска одлучи Регулаторната комисија за енергетика на својата редовна седница наменета за корекција на цените на горивата.

Согласно одлуката, од полноќ еден литар Еуросупер БС-95 ќе се продава по 77,5 денари, а Еуросупер БС-98 ќе чини 79 денари за литар.

Новата цена на еуродизелот изнесува 68,5 денари, а на екстралесното масло за домаќинство 57,5 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,824 ден по килограм, со што новата цена на овој дериват изнесува 39,384 денари.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот двонеделен период е за 2,73% пониска од просечната цена по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. Курсот на денарот во однос на доларот наведениот период беше за 0,44% повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените.