Од полноќ за половина денар поскапуваат малопродажните цени на горивата, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новите малопродажни цени на ЕУРОСУПЕР БС 95, ЕУРОСУПЕР БС 98 и ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕV) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) се поголеми за 0,50 ден/лит.
Со тоа ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78,00 ден/лит, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 79,50 ден/лит, a додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) ќе изнесува 69,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) изнесува 58,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М1 НС се зголемува за 0,702 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 13.01.2014 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 40,086 ден/кг.