Од понеделник без ПЦР тест во Србија, БиХ, Црна Гора и Косово

79

Владата на денешната седница одлучи државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина да влегуваат во земјава без ПЦР тест. Во овие земји и македонските државјани исто така ќе може да влезат без да приложат негативен ковид тест. Одлуката стапува на сила од понеделник, 12 октомври.

Оваа одлука е донесена по доставен предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести според кое до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странски држави, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје. Одлуката е донесена заради остварувањето на неопходните потреби на граѓаните, при што Владата апелира патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од Ковид-19.

Фото: Facebook