Од први јули поскапуваат патарините во Хрватска

29

zagrebФото: ARZ

Од први јули во Хрватска на сила стапуваат поскапи летни тарифи за патарина за мотицикли и патнички автомобили на автопатиштата, пишува Вечерњи лист.

Патарините со коишто управуваат Хрватски автопатишта (HAC) и Автопат Риека – Загреб (ARZ) до 30 септември ќе бидат за 10% поскапи во однос на зимските тарифи.

Од сабота патарината за возење по автопатот од Загреб до Сплит со автомобил ќе чини 26,8 евра (199 куни), наместо 24,4 евра (181 куни). Патарината на релација Загреб – Риека ќе чини 10,4 евра (77 куни), што е за едно евро повисока во однос на зимската тарифа. Возењето од Загреб до Осиек ќе изнесува 18,1 евра (134 куни).