Од работник во фабрика до најплатен инфлуенсер без да каже ниту еден збор

401

Социјалните мрежи се преполни со трикови, совети и слични досетки на коишто можеби никогаш не би се сетиле. Но, затоа тука е Кабане Ламе за да ги разбие сите тие трикови, покажувајќи колку е едноставно и тоа само со молчење.

Ламe е пример за тоа дека човек не смее да загуби надеж и дека во моментот кога ќе се остане без работа, може да се најде друго решение. Па така, кога во март минатата година ја загубил работата во фабрика, бил принуден да се врати во домот на семејството во северна Италија. Иако неговиот татко го наговарал да почне да бара нова работа, тој се посветил на социјалните мрежи што му помогнало да излезе од кризата поради која останал без работа.

Благодарение на неговите досетливи видеа, Ламе денес има над 76 милиони следбеници на TikTok, додека на Instagram го следат 25,8 милиони лица.

“Кога имав 10 милиони следбеници, сфатив дека навистина добро ми оди, а сега оваа работа ја работам со полно работно време“, вели Ламе во интервју за New York Times, додавајќи дека луѓето му се смеат поради изразот на лицето што го прави додека ги “руши“ триковите.

Инаку, Кабане има 21 година и е роден во Сенегал, но кратко по раѓањето неговото семејство се сели во Италија каде живее и сега. Пред да стане TikTok ѕвезда, Ламе работел на ЦНЦ машина. Денес неговото богатство се проценува на околу два милиони долари.

Фото: YouTube screenshot