Од рециклираниот отпад на Boeing ќе се произведуваат автомобили

57

Производителот на авиони Boeing склучи партнерство со британската компанија ELG Carbon Fibre којшто вклучува рециклирање на композитниот материјал од производството во 11-те фабрики на американскиот гигант.

Планирано е со овој чекор да се намали количината на цврст отпад за 453.000 килограми годишно.

Материјалот од којшто се создадени авионите е идеален за правење на делови и електроника за автомобилската индустрија, но процесот на рециклирање на беше доволно развиен.

За таа цел, Boeing спроведе пилот програма во својот центар во Вашингтон, прва од ваков тип во светот. Композитниот материјал се става во специјална печка каде што смолата се загрева до испарување оставајќи зад себе чист материјал што може повторно да се употреби.

Со проектот се добија 172.000 килограми карбонски влакна коишто можат да се продаваат на автомобилски и електронски компании. Од Boeing се недеваат дека оваа процедура ќе се примени во сите 11 фабрики и ќе се добијат три пати повеќе карбонски влакна. Со ова ќе се намали целокупниот цврст отпад од производството на авиони за 20% до крајот на 2025 година.