Од што треба да се одречете за да бидете успешни во животот

173

Рускиот милијардер Роман Абрамович верува дека многу проблеми настануваат поради лоши ментални навики кои повеќето луѓе ги имаат. Тој советува што поскоро да се одречете од следниве 10 форми на однесување и проблемите ќе исчезнат.

Не донесувајте нагли заклучоци

Оваа навика може негативно да делува на два начина. Прво, веруваме дека знаеме што ќе се случи, па вниманието и делата ги насочуваме врз таа претпоставка. Но, многу од тие претпоставки на крајот се погрешни, па нашите постапки се грешни. Второ, веруваме дека знаеме да читаме мисли и дека знаеме зошто другите се однесуваат некако. Тоа е сосема погрешно. Оваа бесмислена навика ги уништува односите меѓу луѓето.

Без драма

Луѓето честопати сакаат да преувеличуваат и од мали неуспеси да прават големи катастрофи.

Не измислувајте правила

Голем дел од правилата “неопходно е“ и “морам“ се сосема бескорисни. Внесуваат нервоза и чувство на вина. Следејќи ги овие имагинарни правила го оптоварувате мозокот со непотребни препреки.

Избегнувајте стереотипи и етикети

Зборовите кои ги користите ве дефинираат. Јазикот на негативноста и критиките само ве враќаат назад.

Не бидете перфекционист

Животот не е само црно бел, ниту се заснова на паролата “сè или ништо“. Ако барате совршена работа веројатно никогаш нема да ја најдете. Перфекционизмот е ментална болест којашто не ви дозволува да уживате, туку во сè да барате проблеми.

Никогаш не генерализирајте

Еден или повеќе падови не се знак на вечен неуспех. Исто така, ненадеен успех нема да ве претвори во гениј. Запомнете дека тркалото на (не)среќата секогаш се врти.

Ништо не си земајте при срце

Многу колеги не ве познаваат, ниту пак имаат желба да ве запознаат. Затоа што и да слушнете ништо не земајте при срце. Тие луѓе немаат ништо со вас, а и вие со нив.

Не верувајте на емоциите

Извор на емоции често може да биде замор, глад, иритација… Без разлика дали се чувствувате добро или лошо тоа нема ништо да промени.

Не бидете апатични

Трудете се да бидете оптимист. Ако очекувате лоши работи во животот или работата, на крајот ќе ги најдете. Негативниот став е исто како да гледате кон светот со валкани очила со лоша диоптрија. Почнете да барате нешто позитивно.

Престанете да живеете во минатото

Ова е најважен совет од сите. Заборавете и живејте! Бесот, разочарувањето, несреќата и очајот претежно доаѓаат од проблеми од минатото. Што повеќе се враќате кон минатото, толку полошо ќе се чувствувате.

Фото: Pexels