Од среда се забрануваат пластичните кеси – една биоразградлива ќе чини 15 денари

308

Од 1-ви декември се забранува употребата на пластични кеси во Македонија. Со тоа веќе нема да се произведуваат пластичните кеси, а биоразградливите ќе се наплаќаат по 15 денари.

Со ова треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи кои ја загадуваат околината.

За средствата од продадените пластични кеси, трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина.