Извозот на хемикалии беше на ниво од 544,3 милијарди долари во 2019 година, што е 6,4% помалку во споредба со една година претходно, покажуваат податоците на World’s top exports.
Кина има најголем удел од 13,5% во вкупниот извоз, од што лани оствари прилив од 73,7 милијарди долари.
Меѓу 15-те најголеми извозници на хемикалии во светот, чии приходи се мерат во милијарди долари се и: САД (50,8 милијарди долари), Ирска (36,5 милијарди долари), Германија (35,7 милијарди долари), Белгија (34,6 милијарди долари), Холандија (26,3 милијарди долари), Јужна Кореја (26,1 милијарда долари), Јапонија (24,1 милијарда долари), Швајцарија (22,5 милијарди долари), Индија (20,1 милијарда долари), Саудиска Арабија (15 милијарди долари), Велика Британија (14,9 милијарди долари), Франција (14,8 милијарди долари), Сингапур (13,5 милијарди долари) и Тајван (10,6 милијарди долари).
Според вредноста, овие 15 земји извезоа 77,1% од вкупниот извоз на хемикалии во светот.
Фото: Freepik