Од утре алкохолот ќе се продава до 19 часот

55

Наместо до 21 часот, од утре алкохолните пијалоци во трговските објекти повторно ќе се продаваат од шест до 19 часот.

Според законските одредби, продолженото време на продажба до 21 часот важи од мај до крајот на септември.

За трговските објекти кои нема да го почитуваат законското решение предвидени се санкции – забрана за вршење дејност во траење од седум или 15 дена, како и парична казна до 5.000 евра.