Од утре ќе почнат преговорите со соседите за ковид-пасошите

39

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска изјави дека следуваат преговори со сите соседни земји за взаемно признавање на ковид – пасошите.

“Од утре сите институции ќе стапат во преговори со сите наши соседи за признавање на ПЦР-тестовите, тестовите за антитела и ковид-пасошите. Што се однесува до мојот коментар за домашните туристи, стратегијата на Владата го обврзува Министерството за економија да го поттикнува туризмот и да се направат програми за негова поддршка. Заедно, со поддршка од Министерството за здравство и Министерството за надворешни работи, реков кога ќе започне имунизацијата, ние истовремено ќе ги започнеме преговорите за заемно признавање на ковид-пасошите“, рече министерот.