Од утре поевтин роаминг во регионот

79

Од утре се намалуваат цените на роамингот во земјите од Западен Балкан поради намалувањето на надоместокот за услугата на дојдовните повици. Oвој надоместок ќе се намали од четири центи за минута на 2,5 центи, односно 37,5%.

Овие цени ќе важат до следната година, од кога услугите за роаминг целосно ќе се изедначат, па во која било земја од Западен Балкан ќе се разговара исто како и кога сте дома.

Договорот за намалување на цените на роаминг услугите во јавните мобилни комуникациски мрежи во регионот на Западeн Балкан е склучен во април минатата година во Белград помеѓу министерствата надлежни за областа електронски комуникации на Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Косово.

Фото: Pixabay